Претседателот Стево Пендаровски објави фотографии над кои пишува дека поминал ,,Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка”.
,,Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес Федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг”, пишува шефот на државата на својот Фејсбук профил.
Зошто Пендаровски се сликал со полугол билдер во кабинетот на претседателот на Република и каква порака испраќа со објавување на фотографии од средбата засега останува енигма.






