Бугарски историчар: Политиката на Пендаровски е блиска со онаа на Путин

„…Сите други земји ги поддржуваат своите малцинства во Македонија, а само Бугарија стои настрана, остава настаните сами да се развиваат“, коментира бугарскиот историчар Спас Ташев посетата на високата бугарската делегација на отворањето на ткн центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.



„Последната акција во Битола беше добро организирана. Се чини дека е однапред промислено, но кога имаме контролирана состојба е нормално да провоцираат на вакви настани“, вели Ташев за плакатите со кои беа пречекани Петков, Јотова, Генчовска, Захариева, во Битола 

Во гостувањето на бТВ тој рече дека политиката на претседателот Стево Пендаровски е блиска до онаа на Владимир Путин.

„Ова ги покажува овие топли врски меѓу Москва и Скопје“, рече Ташев.

Без Скопје да се реформира во европски правец, сличен скандал како оној во Битола сериозно би одекнал во Европската Унија.