Владата се закани со кратење на платите на штрајкувачите

Владата предупреди дека согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование како и за градинките, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите.



Одбиената понуда за зголемување од 2.500 денари на платата значи дека личните интереси на СОНК се пред оние на децата, велат од Владата.  

За „најавеното“ решение за кратење дневници на тие што штрајкуваат, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, рече дека е тоа е апсолутно неиздржано од причина што некој друг го крши законот и заради тоа се оди на штрајк, а цената да ја плати работникот.

„Ако дојдеме до тоа за се да се договориме, а за ова да не се договориме мислам дека се ќе пропадне во вода и дека нема да се потпише спогодба додека не се усогласи ова прашање и да се излезе од оваа ситуација“, посочи Неделков.

Во врска со ангажирањето заменски наставници во некои училишта, тој потенцира дека без оглед на кое работно место се нивните колеги, членови, директорите и министерствата имаат можност да менаџираат и да обезбедат заменски наставници, хаусмајстори…меѓутоа, додаде, тоа не е решение, решението е друго…