Од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, соопштија дека Украина го пополни прашалникот на ЕУ што е почетна точка при одлучувањето за евентуално членството на Киев во Унијата
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 8 април му достави на Зеленски прашалник за време на посетата на Киев и вети брз почеток на напорите на Украина за пристапување во ЕУ по руската инвазија.
„Очекуваме препораката… да биде позитивна и тогаш топката ќе биде на страната на земјите-членки на ЕУ“, изјави , изјави Ихор Жовква, од Кабинетот на Зеленски за украинската јавна телевизија синоќа. „Европската комисија ќе мора да издаде препорака за почитување на Украина со неопходните критериуми за членство“, додаде тој.
Според него Украина очекува да добие статус на кандидат за ЕУ во јуни за време на планираниот состанок на Европскиот совет.
Европскиот совет ќе се состане на 23-24 јуни.
„Потоа, ќе мора да ги започнеме пристапните преговори. А откако ќе ги одржиме овие преговори, ќе можеме да зборуваме за полноправно членство на Украина во ЕУ“, рече Жовкова.






