Центар Жупа пак не избра градоначалник

Само 2.120, од вкупно 7.077 избирачи излегле на вчерашното повторено гласање за избор на градоначалник на општината Центар Жупа.



Со само 29.96 отсто, не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник.

ДИК информира дека кандидатот со реден број 1, Шаин Шаќир, предложен од ДНЕТ, освоил вкупно 165 гласа, додека кандидатот со реден број 2, Аријан Ибраим, предложен од ДПТМ, освоил вкупно 1.887 гласа.