„Професорот Латиф Мустафа укажува на зборовите на министерот дека децата имаат право на образование, нагласувајќи дека тој министер го заборава правото на живот, на животот кој што го водат просветните работници. Мустафа наведува: ‘Државата нема пари – велат тие. Прашањето е: Зошто да нема, каде ги однесовте парите? Во оваа земја на сиромашни крадат богатите и моќните луѓе од власта!“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“, пренесувајќи ја реакцијата на Латиф Мустафа, предавач по политичка филозофија на државниот универзитет „Мајка Тереза“ од Скопје, по веста дека продолжува штрајкот на СОНК и на вработените во образованието.
„Ин7“ ја пренесува објавата на Латиф Мустафа: „Очигледно е дека нема да има зголемување на платите на наставниците. Продолжува ситуацијата на пролонгираниот банкрот на државата. Целата држава е на работ на банкрот. Јас би бил многу изненаден, ако Синдикатот за образование и наука би попуштил пред притисоците и ако не би го продолжил штрајкот до степен на побунтовна граѓанска непослушност.“
„Министерот зборува за правото на образование на учениците, но ги заборава правото на живот и кучешкиот живот, што го водат воспитувачите. ‘Државата нема пари.’ – велат тие. Прашањето е: Зошто да нема пари? Каде ги однесовте? Во оваа земја на сиромашни крадат богатите, луѓето од власта! Воопшто не ме чуди молкот на јавноста. Ние веќе се навикнавме на тоа! Но, синдикатите можат да направат разлика!“





