Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи која е единствената политички активна наследничка на над 7000 Евреи кои во втората светска војна биле депортирани од бугарските окупаторски власти во нацистичките логори на смртта, реагира на славењето на нацистичкиот колаборатор Иван Михајлов од страна на бугарските власти но и македонски граѓани.
Мизрахи потсетува дека само во Битола каде се слави соработникот на Хитлер и Павелиќ под бугарска окупација биле депортирани над 3200 македонски Евреи кои биле убиени во нацистичките логори и никогаш не се вратиле во своите домови.
,,Во приквечерието на 15-ти Април започна Песах, историско-верски празник за Евреите кој го одбележува егзодусот на Евреите од Египет.
И баш во првиот ден на Песах се случува помпезно отворање на клуб на ,,културен” центар во Битола под име Иван Михаилов.
Станува збор за ,,културен” деец со 7 смртни пресуди и една пресуда за доживотен затвор. Значи, ништо од култура.
Станува збор за човек за кој Македонски народ не постои, нешто налик на дневно политичката реторика во регионов и денес. Па од таму ме збунуваат ,,европските” вредности на премиерот Петков кој пристигна да го поздрави настанот во Битола. Во име на добрососедството де!
Станува збор за човек кој бил во тесна соработка со разни фашистички структури, а сепак клуб на ,,културен” центар се отвора во град во кој поради фашистите денес нема ниту еден Евреин, и тоа баш на прв ден Песах.
Зарем ваква култура ќе натежнува на пепелта на Стив Наумов, Естреја Овадија-Мара, Елпида Караманди, Коле Неделковски, Тодор Ангеловски-Даскалот… и 3200 Битолски Евреи.
Колку е ова добрососедски и Европски не знам, ама дека наликува на една бааги НЕ-Европска реторика актуелна и разжарена периодов, тоа е сигурно.
Се враќаат ли нацистите и фашистите???”, прашува Мизрахи поздравувајќи со антифашистичкиот поздрав ,,СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!”.






