ИТН: Петков сака да го тргне ветото пред да почнат преговори со Скопје

Од коалициониот партнер на бугарската влада, „Има таков народ“, го обвинија премиерот Кирил Петков дека го заобиколува коалицискиот договор по прашањето „Македонија“.



„По точката за северна Македонија во коалицискиот договор работите се на работ. Секогаш сме се потпирале на овој договор и секогаш сме си го одржале зборот… Рано е да се каже дали коалицијата ќе издржи до крај на годината.”

Вакво предупредување упати Тошко Јорданов, претседател на Генералното собрание на „Има таков народ“ во изјава за БНР.

Според него, премиерот Кирил Петков и неговата советничка сепак воделе разговори „заобиколувајќи“ го фактот дека додека Северна Македонија не почне да ги исполнува обврските од Договорот за соседство, нема да се укине ветото за почеток на преговори за членство во ЕУ, пренесуваат медиуми.

Тој вели дека биле водени разговори говорот на омраза, репресиите и Уставот да бидат внесени во преговарачкиот процес, но по укинувањето на ветото.

Според него се притиска „да се тргне ветото и да се започне преговарачки процес… Сигурен сум дека има документи за тоа“.