Во дебата на Фејсбук која ја почнува македонски Албанец со неколку постови на фејсбук новинарот Бранко Героски изразува чудење за поддршката од Албанци за бугарското негирање на македонската нација.
Човекот што ја почнува дебатата е екс невладин активист, инаку етнички Албанец, кој во јавноста не важи за националист.
Героски важи за човек кој со децении ги брани правата на Албанците во Македонија согласно меѓународното право.
Активистот кој сега работи во членка на ЕУ својот пост го објавува во форма која не дозволува да биде објавено неговото име и затоа во овој текст само за дел од содржината на дебатата во која учествува Героски.
Албанецот активист во едно од своите прашања до Македонците прашува што им пречи на Македонците отворање на бугарски културен центар во Македонија без да каже дека се работи за клуб со име на фашистички соработник и негатор на Македонците.
,,Верувам дека веќе ти е објаснето. Јас да го додадам и ова. Ванчо Михајлов е негатор на сè што е македонско. Во своето последно интервју Македонците ги нарече “македонистички говеда”.
Инаку, хххххх, никогаш не сум можел да помислам дека Албанци ќе ги поддржат оние сили во Софија кои ја негираат македонската нација и што ќе вршат притисок Македонија да ги прифати софиските уцени. Тоа е срамно за сите Албанци. Се разбира, не мислам тука на тебе, но чувствувам потреба тебе да ти го кажам”, одговора Героски на постот на граѓанскиот активист кој од многу Македонци може да биде објаснет како провокација.
Героски реагира на постот кој сугерира Македонците да игнорираат тоа што Софија промовира фашистички соработник.
,,Ако Македонците и Бугарите се два различни народи што и реално се!- што ви е гајле како се вика културниот центар не народот кој е различен од вашиот.
Нивен народ, нивна култура, нивни херои, нивен културен центар…. Ако не ви се свиѓа игнорирајте го тој културен центар- ама европска земја нема право да кажува на други земји како да се вика нивниот културен центар!”, пишува граѓанскиот активист Албанец кој постот го објавува само за пријатели поради што согласно правилата не можеме да го објавиме неговото име.
Откако граѓанскиот активист го обвинува Героски дека со одговорот го нападнал, новинарот му одговара што би било вистински напад.
,,Нема никаков напад, пријателе. Напад е некој да каже не постојат Албанци, нешто друго се. Напад е да не се поддржуваат основните човекови права на Албанците во Македонија, а јас ги бранам триесет години. Напад е некој што ми е близок и со кого делам сè да им се придружи на оние што ме негираат и што ме понижуваат. А такви има. И уште нешто да ти кажам. Мојот народ не страдаше од “менталитетот ма Ванчо”, туку од предавствата и од камата на Ванчо. На фашистите и на квислинзите во Европа не им се проштева. И најнакрај – ако си станал Словак, ти отпоздравувам во ЕУ. Ако не, нема потреба од курчои, извини на израз. Со здравје нека ти е ЕУ пасошот, ама јас во ЕУ планирам да си влезам како Македонец. Ако доживеам. Во меѓувреме, не прифаќам понижувања од никого”.
Според правилата на Фејсбук постовите кои што се со назнака Јавно (Public) се дозволени за цитирање. Тие со назнака ,,За пријатели” (Friends) генерално не се за директно цитирање освен ако се работи за висок јавен интерес или безбедносни причини.






