Таткото земал заем од Еуростандард банката во стечај во висина од 1,6 милиони евра што никогаш не го вратил.
Мајката која била партиски функционер на СДСМ е шефица на Судскиот совет.
Ќерката била управител на фирмата која отишла во стечај и не ги вратила парите од Еуростандард сега е на листата на кандидати кои ќе ја минат Академијата за судии и јавни обвинители.
Ова се накратко информациите за скандалот кој деновиве го тресе македонското правосудство но и политичка сцена затоа што мајката е Павлина Црвенковска кадар на СДСМ од времето на Владо Бучковски која и покрај скандалот со нејзиниот сопруг која ја однесол во стечај семејната фирма заемобарател, со помош на својата партија стана прв човек на моќниот Судски Совет.
Во твитот кој го објавува упатен профил се дадени и документи со кои се потврдува изборот на ќерката екс сопственик на фирма која земала 1,6 милиони никогаш невратени пари од Еуростандард.
Како од 8% доверба во судство да паднеш под 0% ?
–
ИРИНА ЦРВЕНКОВСКА КЧЕВ онаа што “должи” 1,6М € пари на Еуростандард Банка, инаку ќерка на Павлина Црвенковска Претседателот на Судски Совет Е ИЗБРАНА во Академија за судии и обвинители. pic.twitter.com/0OonyoYoJV— Демир (@Trollowsky) April 16, 2022






