Елиминацијата на последните украински војници, кои се опколени во пристаништето Мариупол ќестави крај на разговорите со Москва, изјави вчера претседателот Володимир Зеленски.
„Ликвидирањето на нашите војници, на нашиот народ (во Мариупол) ќе стави крај на сите преговори“ меѓу Украина и Русија, рече Зеленски во интервју за веб-страницата на украинската Правда.
„Тоа ќе биде ќорсокак, бидејќи ние не преговараме за нашите територии или нашиот народ.
Претходно, истиот ден, водачот на ДНР Денис Пушили изјави дека украинските сили кои одбија да се предадат во Мариупол ќе бидат ликвидирани.
Москва соопшти дека ќе ги гарантира животите на преостанатите украински војници кои се борат во Мариупол ако денеска го положат оружјето. Руската влада соопшти дека украинските војници и странските платеници имаат рок да се предадат од пет до 12 часот по македонско време.
„Оние што ќе се предадат ќе бидат третирани согласно Женевската конвенција за воени заробеници и нивните животи ќе бидат поштедени“, соопштија од Русија.







