Ќе одат ли децата утре на училиште!?

kid raising his hand in classroom

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, денеска треба да се произнесе дали ќе го продолжи штрајкот во образованието или истиот ќе биде прекинат.



Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, како што најави попладнево ќе биде достапен за јавноста и ќе сподели информации дали и утре ќе продолжи штрајкот кој трае една недела.

На последниот состанок во Владата е договорено во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.

kid raising his hand in classroom