Агенцијата за човекови права на Обединетите нации во саботата соопшти дека најмалку 1.982 цивили загинале во Украина од руската инвазија кон крајот на февруари, објави Вашингтон тајмс.
Сепак, реалната бројка може да биде „значително поголема“, со оглед на доцнењето на извештаите од местата каде што продолжуваат интензивните судири.
„Повеќето од регистрираните цивилни жртви се убиени во експлозии или гранатирање“, соопшти Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации.
Украинските власти соопштија дека најмалку 2.700 се убиени, а Обединетите нации соопштија дека бројките ги вклучуваат „само оние цивилни смртни случаи кои биле предмет на кривична постапка и форензичко испитување на мртвите тела“.
Украинските власти во петокот соопштија дека повеќе од 900 цивилни тела биле пронајдени во регионот на главниот град Украина по повлекувањето на руските сили од регионот.
Според Обединетите нации, повредени се вкупно 2.651 цивил.







