„Во Драчево ќе се гради гигантски крст?! – Нема логика, тоа е само провокација“ – со овој наслов информативната агенција на албански јазик ИНА ја објавува реакцијата на политичкиот аналитичар и колумнист Агим Јонуз од Скопје по веста дека во населбата Драчево, во скопската општина Кисела Вода, започна изградбата на крст висок 63,5 метри, чие подножје ќе биде уредено со содржини, кои ја карактеризираат Македонската православна црква.
„Според Агим Јонуз, ова е само една провокација и ништо друго’ – пишува ИНА и ја пренесува реакцијата на Јонуз:
„Во Драчево ќе се гради гигантски крст! Почит…“
„Во ред, но се поставува прашувањето: каква функција ќе има еден таков гигантски крст?!“
„Не крст… туку каков било да е споменик и од која било да е религија со такви димензии е само провокација, или нешто што не може да се сфати.“
„Можеби сум будала… но каде не води ова?!“





