Балканот во воена психоза: По Србија и Косово доби софистицирано оружје

Само десетина дена откако Србија набави моќно кинеско оружје, како што дознава српскиот весник „Новости“, близок до властите во Белград, официјален Лондон на властите во Приштина им доставил ракети од типот „Џевелин“ и ,,NLAW” кои украинските сили ги користат во борбата против руските војници.



Новости најавува дека претседателот на Србија Александар Вучиќ во следните 48 часа ќе побара официјално објаснување од британскиот премиер Борис Џонсон за набавката на софистицирано оружје на Косово.

Според весникот договорена е и бесплатна обука на припадниците на Косовските сили за користење на овие воени алатки.

Ракетата земја-воздух Javelin е самонаведувачки антитенковски проектил од британско производство кој се истрелува од рамо.

„NLAW“, кратенка од новата генерација на лесно противтенковско оружје, е ракета од типот „пукај и заборави“, која може да ги „нападне“ тенковите и одозгора и директно.

Цената на еден комплет „NLAW“ за Косово ќе биде околу 40.000 евра – што е помалку од пазарната вредност, пишува весникот.

Британските власти засега не ја потврдуваат веста.

Пред десетина дена Србија доби ново кинеско оружје кое предизвика нервоза во регионот а сега според српскиот весник и Косово набавува сериозно оружје.

Србија набави моќно кинеско оружје и ги загрижи балканските соседи (ВИДЕО)