Демири: „Живот изгледа има само за луѓето од власта и нивните блиски, а другите нека ‘умрат’, или да се иселат“

„Претставниците на Владата, односно министерот за финансии, постојано ни говореа дека економскиот раст ќе се заснова врз нивните проекции. Сега ни велат дека зголемувањето на платите на просветните работници ќе предизвика дополнителна инфлација, бидејќи нема позначителен економски развој. Живот во с.Македонија изгледа има само за луѓето од власта и нивните блиски и роднини, а на другите им преостанува или да ‘умрат’, или да мигрираат, да се иселат.“– му реагираше потпретседателот на опозициската Беса Абдуш Демири на министерот за финансии Фатмир Бесими од ДУИ, кој преку колумна напиша дека зголемувањето на платите во образованието ќе се одрази негативно врз платите во другите сектори и оти ќе предизвика инфлација.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.