Екс генералниот секретар на владата Мухамед Зекири не бил пријавен во обвинителството за набавката на скапата ,,Физибилити студија” за Македонски пошти договорена во четири очи, од членови на владата или други високи владини функционери.
Ова за expres.mk го тврдат добро информирани извори упатени во случајот кој против кумашинот на екс премиерот Заев го води обвинителството за организиран криминал на Вилма Русковска.
Според истите извори Русковска по добиените индиции немала избор и морала да поведе истрага против најблискиот соработник на Заев.
Случајот според нив го пријавиле други одговорни граѓани кои одбиле да бидат дел од криминалот и индициите за корупција ги доставиле до обвинителството.
Зошто Зекири не бил пријавен од страна на тогашниот премиер Заев, вицепремиерот за економија Битиќи, тогашниот вицепремиер за корупција Љупчо Николовски, министерот за економија Бектеши засега е нејасно и допрва ќе се утврдува дали тие знаеле но не го
го пријавиле криминалот.
Доколку тие знаеле а дел од нив морале да знаат за набавката најмалку горе наведените членови на владата се соочуваат со можни кривични пријави за соучесништво, помагање или прикривање на кривично дело вредно околу 1 милион евра.
Зекири кој не можел сам да ја ,,истурка” набавката занлија знаела цела влада во моментов е на издржување мерка 30 дена противник во ,,Шутка”.
Најнова вест
Не се прифаќа глорифицирање на фашистичкиот соработник






