Захариева: Бугарија изгледа несериозна во очите на Скопје

Поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева смета дека Бугарија изгледа несериозна пред Скопје, поради разликата во ставовите во однос на Македонија меѓу бугарското МНР и бугарската влада.



„Кога Советот на министри или советниците на премиерот велат едно нешто што не е прв пат, а МНР друго, нема шанси Бугарија да изгледа сериозно ниту во очите на С.Македонија, ниту во очите на нашите партнери. Политиката мора да биде унифицирана и апсолутно е неприфатливо шефот на дипломатијата да дознава од медиумите“, изјави поранешната министерка.

Генчовска призна дека има несогласувања меѓу бугарското МНР и Владата

„Се чини дека немаме единствен став по прашањето за РСМ, напротив. Националниот консензус кој долги години надпартиски е постигнат , во моментов е разнишан“.

Според Захариева Бугарија пропуштила „златна шанса“ да постигне напредок во случајот со Скопје за време на француското претседателство, кое завршува на крајот на јуни и беше „многу избалансирано“.

Претходно денеска министерката за надворешни работи Теодора Генчовска изјави дека во кабинетот имало несогласувања на тема Северна Македонија, но бугарското МНР работи на заштита на националните интереси.