Бугарија се подговува за кревање на ветото. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаскиоткрива дека Владата на Петков на 24 мај најверојатно на Советот за општи работи на Унијата ќе даде согласност за старт на преговорите со Македонија и Албанија. Потоа оваа одлука ќе биде потврдена и на јунскиот самит на европските лидери, пренесува Сител.
Радев: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија
Бугарската влада засега ниту ги потврдува, ниту ги негира ставовите на Џамбаски.
Премиерот Петков минатите денови тврдеше дека двете земји не водат тајни преговори и дека секое постигнато решение ќе мора да добие поддршка и од коалициските партнери и од бугарските пратеници.






