На свеченост во ДЦ, оскаровац не пропушти да ја истакне важноста од познавањето на сопствената историја и им порача на сонародниците дека тоа се однесува на сите Американци кои се загрижени за моменталната состојба во САД.
„Луѓето се вознемирени поради тоа што се случува денеска. Тие се премногу бесни и фрустрирани. Ако сте загрижени, читајте ја историјата и дознајте што ни се прави, бидејќи таму се си пишува“, рече тој.
На Хенкс му беше врачена награда на церемонија во Вашингтон, а оваа награда на Фондот за Национални Архиви им се доделува на поединци кои ја подигаат свеста за историјата и идентитетот на земјата во САД, објави СNN.

„Уставот на САД, овој брилијантен документ, треба да биде водич кој нè води и ќе не води, и ни помага да станеме се подобри и подобри“, изјави актерот.




