Се дознава дека немало лиценца откако ќе се случи трагедија

По убиството на младиот хрватски ракометар Денис Тот минатата недела пред дискотеката Привилиџ во Скопје, властите соопштија дека клубот работел без лиценца. Автобусот на Беса транс кој изгоре со 45 патници во Бугарија лани во ноември, исто така, возел без лиценца. Има ли некој во државата дозвола за работа или сè е на диво, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.



Изгледа во Македонија лиценца или дозвола за работа имаат само тие што немаат врски, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, по убиството на младиот хрватски ракометар Денис Тот пред дискотеката Привилиџ, за која подоцна беше соопштено дека немала лиценца, а поради тоа имала и забрана за работа.

Којзнае уште колку фирми во земјава работат без потребните документи, но за тоа обично се дознава откако ќе се случи трагедија пишува Радио Слободна Европа.

Линк до целиот текст и коментари од граѓани.