Цените на храната ќе се зголемат за повеќе од 50 отсто до новата реколта, покажува економската анализа на Бугарската академија на науките.
Цените на храната се трипати повисоки од пред една година. Пченицата е двапати поскапа, сончогледот три пати, како и горивата и енергијата.
Во оваа ситуација, до новата реколта во најоптимистичкото сценарио, цените на храната ќе продолжат да растат, предвидува Огњан Бујуклиев од Институтот за економски истражувања на Бугарската академија на науките, пренесуваат бугарски медиуми.
„Нашата оптимистичка прогноза е дека цените ќе пораснат за околу 50% до 1 октомври. Песимистичкото сценарио што го развивме ако војната (бо украина-н.з.) трае подолго, а санкциите барем до крајот на годината – е најмалку три или четири пати или над 200% (повисоки цени).Ако војната заврши, реалното сценарио е околу 100%.






