Ќе стане ли „Балтикот“ море на НАТО, Русија предупредува

Москва го предупреди НАТО дека доколку Финска и Шведска се приклучат на воената алијанса, таа ќе преземе акција на Балтикот, бидејќи Алиијансата ќе се доближи на само 200 километри до Санкт петерсбург



Рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност од 2020 година и поранешен претседател и премиер, предупреди:

„Веќе не може да се зборува за статус без нуклеарно оружје на Балтикот – мора да се воспостави рамнотежа. Русија не презеде такви мерки и нема намера да преземе“, напиша Дмитриј Медведев на социјалната мрежа Телеграм, пренесува Ројтерс.

„Шведска и Финска со брутална сериозност разговараат за можноста за влез во НАТО. Самата алијанса е подготвена да ги прифати што е можно поскоро и со минимални бирократски процедури…Тоа значи дека Русија ќе има повеќе официјално регистрирани противници“, напиша  Медведев.

„.ако Шведска и Финска влезат во НАТО, ќе се дуплира должината на копнената граница на Алијансата со Руската федерација. Секако овие граници ќе мораат да се засилат. Сериозно да се засилат со групирање на копнените сили и н апротиввоздушната одбрана, да се распоредат значајни приморски сили во водите на Финскиот залив“, навел Медведев.

Копнената граница на НАТО со Русија, која сега веќе се доживува како непријателска, би се удвоила од 1.300 на 2.600 километри ако Финска влезе во западниот воен сојуз, пишува Дојче веле.

Ако на сојузот му се придружи и Шведска, која не се граничи директно со Русија, за НАТО би било полесно да го контролира Балтичкото Море. Тогаш сите земји на Балтикот, освен Русија, би припаѓале на атланскиот сојуз. Шведска во НАТО би го вовела и островот Готланд, од кој би можел да се брани голем дел од Балтичкото Море, а и балтичките држави.

Очекувано, руското раководство остро го критикува можното проширување на НАТО.

„Во неколку наврати кажавме дека Алијансата останува инструмент за конфронтација и дека нејзиното натамошно проширување нема да донесе стабилност на европскиот континент“, изјави пред неколку недели портпаролот на кабинетот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.