„Порачувајќи му на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека ‘сиромаштијата не е патриотизам’, политичкиот аналитичар од Македонија Сулејман Мехази реагираше на неговата изјава оти ‘оние што ја напуштаат Македонија не се патриоти’.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ ја пренесува реакцијата на Мехази од неговиот фејсбук-профил: „Не, Али Ахмети, сиромаштијата не е патриотизам. Патриотизам на 21-иот век е луксузот, раскошот. Нам не ни треба патриотизмот на еден беден семеен и национален живот. Помина времето кога калта беше послатка од медот. Патриотизмот на денешната младина е животот со добри општествени и економски услови.“
„Не, албанската младина на 21-виот век не може да го поднесува раскошот, луксузот на децата на вашите функционери од ДУИ, затоа бегаат надвор. За денешната младина патриотизмот е таму каде што се живее добро и спокојно, а не во калливата татковина.“





