„Моето здравје е контролирано од лекови“, вели Мелани Грифит (60).
Актерката открила дека има епилепсија на здравствената конвенција во Лос Анџелес. Оваа болест, според неа била предизвикана од стрес поради разводот од актерот Антонио Бандерас (57). Од неодамна, пак, се зборува дека актерката се бори и против рак на кожата, и тоа по втор пат.

Пред неколку недели таа се појави во Лос Анџелес со темна дамка на носот. Мелани била на отстранувањето на меланом на кожата и сега е на терапија. Ракот на кожата на актерката првпат и се појавил во 2009 година кога болеста се појавила под десното око.




