Истрагата за паѓањето на дрон што се урна во Загреб пред повеќе од еден месец е завршена, а резултатите во претпладнево ќе ги соопшти државното правобранителство на Загребската жупанија..
Нова ТВ синоќа објави дека леталото било модификувано и дека носело бомба.
Како што наведоа, во леталото наместо камера имало поставена бомба.
Се очекува на прес-конференцијата да се покаже што остана од бомбата.
Треба да биде појасно дали навистина бил натоварен со 40 килограми експлозив и што точно експлодирало.







