Државниот пазарен инспекторат попладнево ја затвори дискотеката „Привилиџ“ во Градски парк, потврди за Канал 5 директорката на инспекторатот, Анета Симеска.
„Причината за затворањето е непочитување на решението за привремена забрана за вршење дејност кое претходно му беше издадено поради немање на лиценца за ноќен клуб и нема никаква врска со настанот. Постапката беше водена претходно“, вели Симеска.
Ноќта меѓу средата и четвртокот пред дискотеката „Привилиџ“ беше претепан 27-годишниот хрватски ракометар на „РК Бутел“, Денис Тот, кој во петокот почина на КАРИЛ.
За неговото убиство се осомничена три лица, две се лишени од слобода, а МВР попладнево распиша меѓународна потерница за осомничениот Анџелко Ѓорѓиевски.





