За да нема недостиг на домашниот пазар, Владата донесе одлука наместо 29% царина, маслото за јадење да влегува во земјата без давачка.
Со ваквата мерка, која ќе трае до 31-ви мај, се очекува и пад на цената за најмалку 20 проценти, јавува Сител.
Се очекува неделава Србија да ја „крене рампата“ за извоз на рафинирано и нерафинирано масло за јадење во Македонија, а до тогаш, од Министерството за економија велат дека сончогледово масло ќе се увезува од Бугарија и Турција, како и до сега.
Истовремено продолжува забраната за извоз на одделни житарици, односно пченката, пченицата, јачменот, сончогледово семе и слично и во следните 30 дена.
Владините мерки ги објави на својот ФБ профил министерот за економија Бектеши. Целта е вели да се заштити домашниот пазар и да се избегнат шпекулативните дејствија на трговците и производителите.







