Водечки за бугарската страна се резултатите, а не обврзувањата врзани со конкретни рокови, велат од бугарското МНР.



Бугарија го поддржува проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан но останува на ставот дека приоритет се заслугите на секоја земја кандидат и почитувањето на основните вредности на Унијата, вклучително и почитувањето на човековите права и почитувањето на принципот на добрососедство.

Во однос на почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ, клучно е Бугарија да постигне неповратни резултати во одржувањето добрососедски односи и добивање јасни гаранции во преговарачкиот процес на ЕУ за натамошна имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година, соопшти бугарското МНР.

Очекуваме уставни гаранции за почитување на правата на Бугарите во Македонија, се додава во соопштението, пренесе. БГНЕС.

Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска го реафирмираше овој став на Бугарија при нејзиниот разговор со шефот на германската дипломатија во рамките на Советот за надворешни работи што се одржа во Луксембург на 11 април 2022 година.