„Сметаме дека барањето на Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата за усогласување на платите согласно зголемувањето на минималната плата е апсолутно неопходно со цел остварување на правата гарантирани со закон и со колективните договори“, објави денеска Независниот академски синдикат (НАкС).
Од НАкС велат дека по покачувањето на минималната плата, со што се подобри положбата на вработените со најниски примања, барале соодветно зголемување и на платите на останатите вработени.
„Зголемувањето на платите за сите вработени, вклучително и за вработените во високото образование и науката е нужно со цел да се избегне воедначување на надоместокот што го добиваат вработените што вршат работа со различна сложеност или различен степен на образование“, велат од НАкС.






