„Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, поканет во емисијата ‘Клан Дебата’, зборуваше, меѓу другото и за масовното заминување на младите од с.Македонија. Сите што ја напуштаат с. Македонија, според Али Ахмети, не се патриоти. ‘Вие, кои ја напуштате земјата, не сте патриоти. Не можеш да направиш платата да им биде 2 илјади евра.’ – рече Ахмети во емисијата.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“.
„Инфошќип“ пренесува: „Резултатите од пописот покажаа дека во с.Македонија значително е намален бројот на младите, а со тоа и на работната сила. Загрижувачки е и фактот дека во сите истражувања, вклучително и она на Младинскиот форум за образование од 2021 година, повеќе од половина од младите (58 отсто од испитаниците) изјавиле дека би заминале од с.Македонија.“





