Логична дилема се појави во твит објавен во врска со затварањето на екс генералниот секретар на владата Мухамед Зекири кој беше близок партиски соработник и потпретседател на екс лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
Можеле ли пред се Заев но и актуелниот премиер Ковачевски да не знаат за трансферот на речиси еден милион владини евра на сомнително нова Хрватска компанија.
Во твитот се бара одговор на прашањето дали Заев како премиер кој во октомври 2020 година најавил приватизација на Македонска пошта можел да не знае за делата кои Зекири го однесоа во притвор.

Според реакциите малкумнина се тие што сметаат дека Заев не знаел што прави функционерот кому му беше сведок-кум на втората свадба.
Засега од обвинителството нема најава дека Заев е опфатен како осомничен или сведок на истрагата.
Посебно прашање што се наметнува од твитот е зошто никој во Генералниот секретаријат или владата не го спречил Зекири да префрли милиони на хрватските ,,консултанти”.
Делото кое кулминирало со префрлање на народните пари од Зекири почнало околу половина година откако Заев најавил приватизација на ,,Македонски пошти”.
Колку сме на твитер што веруваме дека Заев не знаел за активностите на Муки Зеќири?
👇🤔👇🤔👇 pic.twitter.com/E8Kr3RLO7E
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) April 12, 2022






