Владата следната недела ќе одлучи дали „ќе паднат“ маските

Комисијата за заразни болести до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) достави предлози за укинување на обврската за носење маски во средните училишта, за укинување на забраната за екскурзии и настава во природа, за укинување на задолжителните заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.



На седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.

Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.