Марин Ле Пен, лидерка на француската десница, на почетокот на кампањата за вториот круг претседателски избори на 24 на кои ќе се соочи со актуелниот претседател Емануел Макрон, вели дека голем број Французи се незадоволни од ЕЕ каква што е денес.
„ Огромното мнозинство Французи повеќе не ја сакаат ЕУ како што е денес. Европа – не оспорувам дека постои соработка, се разбира. Но, тоа не може да се направи против волјата на народот“, рече Ле Пен во интервју за француското радио „Франс ентер“.
Таа рече и дека нема „тајна агенда“ за евентуално излегување на Франција од Унијата во случај да победи на изборите.
Во првиот круг од изборите Ле Пен освои 23,15% од гласовите, наспроти прворангираниот претседател на Франција, Емануел Макрон 27,84%.






