„Ме прашуваат: зошто некои функционери на други партии одат во притвор веднаш штом ќе бидат обвинети за ајдуклак, или за законски прекршоци, додека овие од ДУИ не ги фаќа законот кога ќе се збогатат и за една ноќ?!“ – вели писателот и публицист Ким Мехмети во својата колумна со наслов „ Некои функционери на ДУИ – најчесните на овој свет, или највешти ајдуци на Балканот?!“, која ја објавија весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.
Мехмети пишува: „Има само две логични објаснувања за оваа појава: или функционерите на ДУИ се најчесните во Македонија и во Балканот – што треба да не направи горди сите нас, Албанците овде, или доживотните функционери на ДУИ – кои се вртат низ министерските кабинети во последните две децении – си го направија толку добро ‘институционалниот заштитен чадор’, што тој ги прави недопирливи и неказниви ајдуците и криминалците од оваа партија.“
„Оттука, ако има вистина во тврдењата дека ДУИ не ги дава своите ајдуци и криминалци, тогаш произлегува дека најголемата грешка ја направил генералниот секретар – Албанец на Владата, кој заврши во притвор како обвинет за кражба – ја згрешил партијата (наместо во СДСМ, требало да биде во ДУИ)!“
„Но, ако е нејасно што што ги прави недопирливи некои функционери на ДУИ ги направи недопирливи, нешто е сигурно: било да се тие најчесните на светот, било да се највештите ајдуци на Балканот – ним не им е лесно. Не им е лесно, бидејќи како што е тешко да ја одбраниш чесноста, соработувајќи со ајдуци од други партии, толку тежи и кражбата, која треба да ја покриеш со лажна чесност!“ – заклучува Ким Мехмети во својата колумна.





