Ле Пен: Макрон сака да ги заведе гласачите со ублажување на пензиската реформа

Претседателот Емануел Макрон ја ублажува планираната пензиска реформа, на почетокот на кампањата за вториот круг претседателски избори кои треба да се одржат на 24 јуни, пишува Ројтерс.



Макрон вчера изјави дека „не е неопходно да се реформимеат до 2030 година, бидејќи гледам дека луѓето се премногу загрижени“, рече Макрон.

Тој исто така е подготвен „да ја остави отворена вратата“ за подигање на прагот на пензионирање до 64 години, а не до 65 години, како што беше неговиот сегашен предлог.

Понудата на Емануел Макрон за омекнување на планираните пензиски реформи е „маневар“ за привлекување гласачи пред вториот круг од претседателските избори во Франција, но тој сепак би ги извршил првичните планови доколку биде реизбран, рече кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен.

„Тоа е маневар на Емануел Макрон да се обиде да го придобие, или барем да го ублажи противењето на левоориентираните гласачи“, рече Ле Пен денеска, говорејќи за радиото Франс Интер.

„Тој веројатно сфаќа дека ова е брутална и нечуена социјална политика“, изјави Жордан Бардела, помошник на неговата ривалка Марин Ле Пен, за телевизијата Франс 2, додавајќи дека сè уште верува дека Макрон ќе продолжи да се залага за зголемување на старосната граница за пензионирање на 65 години.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, сојузник на Макрон, изјави за CNews дека Макрон не ги променил своите планови за пензиските реформи и дека сè уште е „целосно решен“ да ја спроведе. „Ќе се држиме до (минималната возраст за пензионирање) од 65 години, но ќе има опции да разговараме за деталите“, рече Ле Мер…