И Мијалков жали што се најде на „црната листа“ на САД

„Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана. Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија“, објави на Фејсбук поранешниот шеф на УБК во Македонија, кој од вчера е на црната листа на САД .



Според него, одлуката била базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докажело дека „се неиздржани.“

Претходно и Никола Груевски, поранешниот македонски премиер кој е во бегство, исто така напиша дека се работи за неправда.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен објави дека Стејт департментот и Министерството за финансии презеле акција за санкционирање на актерите во Западен Балкан за дестабилизирачки и коруптивни активности.

„САД и партнерите, како што е Обединетото Кралство, бараат одговорност од оние кои ја загрозуваат стабилноста, напредокот и европската интеграција на регионот“, напиша Блинкен на Твитер.