Давид од Кратово против метастазираниот „Голијат“ во неговото тело

„Експрес.мк“ и овој пат се вклучува во хуманитарна акција да се спаси животот на едно дете чие лечење во странство, македонската медицина го отфрли како „нерационално“.



„Мојата најголема желба е да оздравам, да можам да играм, да трчам со другарите, да одам во школо, вели 13 годишното момче.

Животот на Давид Стојановски од Кратово не беше воопшто различен од останатите деца. Одење на училиште, игри на улица, тренинзи во фудбалскиот клуб Силекс и во ракометната академија на Металург. Безгрижното детство на Давид беше прекинато пред осумнаесет месеци, кога добил оток на левото колено.

Дијагнозата на скопските клиники покажала дека се работи за остеосарком над левото колено. Поради малигниот карактер на болеста, еден дел од надколеничната коска бил отстранет и заменет со имплант, кој не му дозволува на Давид да ја свитка ногата.

По неколку месеци состојбата на Давид драстично се влошила. Лекарите дијагностицирале малигни промени на надколеницата, а во меѓувреме ракот метастазирал и на белите дробови на детето. Лекарскиот тим од скопските клиники препорачал ампутација на целата надколеница со вградување протеза, која според таткото на детето, ќе го направи Давид речиси неподвижен.

Давид и таткото заминале во Виена кај познатиот доктор Коц, кој предложил специјална оперативна техника со која стапалото на Давид ќе биде во улога на колено и ќе овозможи солидна подвижност. Операцијата во Виенската приватна клиника со отстранување на метастазите од белите дробови чини 54.000 евра, пари што скромното семејство Китановски ги нема.

Лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедски болести во Скопје ја отфрлил операцијата во Виена како нерационална, што го фрли во очај семејството на Давид..

Се што можат да прават моите врсници, да можам да правам и јас. Го молам докторот што поскоро да реши да заминам на операција во странство – ја кажа својата новогодишна желба малиот Давид Стојановски.

Состојбата на Давид од ден на ден станува се полоша, неговиот живот е во опасност, а тој не сака ништо повеќе од нормално детство.

Превземено од Нова Македонија.  Број за донации Телеком: 143454 Број за донации VIP One : 143475