„Замислете: кој ја има правдата во рака – некои ајдуци на должности Обвинители!“ – вели Бедри Ајдари, брат на еден од обвинетите во случајот „Монструм“, во својата колумна со наслов „Правдата ја презедоа во раце неколкумина ајдуци – обвинители!“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
Ајдари пишува: „По извршувањето на обврската, што ја презедоа од мафијата на државата, да се обвинат невините Албанци и за да се процесуира предметот ‘Монструм’!“
„Првично, предметот му е проследен на ‘Ајдучкото обвинителство’, така наречено ‘Специјално обвинителство’, со корумпирани обвинители, против кои Антикорупциската комисија поднесе кривични пријави поради злоупотреба на службената положба и за прикривање приходи со износ од 20 плати за секој од ајдуците, меѓу другите и Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, кои ја извршија преземената обврска набрзина и кои бараа максимална казна, бидејќи мораа да ги заштитат вистинските сторители на петкратното убиство кај Смилковското езеро, а со цел колку е можно побргу да стасаат до ветувањето, што им го даде мафијата: материјални средства во кеш дека нивните блиски ќе им ги префрлат во банките во Швајцарија, како и унапредување во функцијата:
– Гаврил го направија шеф на Вишото обвинителство во Скопје,
– Фатиме е поставена на повисоко скалило во Обвинителството.“
„На 10 април 2022 година дознаваме дека државното Правобранителство поднело кривична пријава против Обвинителот Специјалист ‘ајдук’ Гаврил Бубевски, моментно шеф на Вишото обвинителство на ниво на Скопје.“
„П.С. Станува збор за 17,5 милиони евра и по 20 обвинителски плати за секој обвинител.“
„Еве кој ја имал в раце судбината на невино обвинетите во случајот ‘Монструм’, ова се милениците на мафијата, која оперира во државата с.Македонија!“
„Овие се оние, кои не го сметаат Бога како фактор, дека и ним еден ден ќе им се врати бумерангот и сето тоа ќе им стане залак, кој нема да може да го проголтаат!“
Home Македонија Ајдари: „Милениците на државната мафија обвинителите-ајдуци Бубевски и Фетаи за кеш ги...





