Етничките Грци во Химара утре ќе одржат митинг во знак на протест на одлуката од страна на албанските власти да урнат неколку куќи кои припаѓаат на семејства на етнички Грци во оваа одморалиште на југо-источниот брег на Албанија во кое претежно живее грчко малцинство.
Семејствата добиле известување со барање да ги напуштат нивите домови, кои се предвидени за уривање како дел од Планот за урбана регенерација, а кој критичарите го осудија како неуставен.
Атина ја предупреди Тирана дека нејзините амбиции за членство во Европската унија може да бидат во опасност ако се даде „зелено светло“ на Планот.
Грчкото Министерство за надворешни работи во четвртокот ја осуди одлуката на Тирана да дозволи уривање на домовите што припаѓаат на етничките Грци во Химара, пренесуваат грчки медиуми.
Потегот се чини дека е обид да се одвлече вниманието на албанското јавно мислење од скандалот во кој е вмешан поранешен министер за внатрешни работи во шверц со дрога, објави грчкото МНР.
„Албанската влада продолжува да промовира мерки за уривање на имотот на припадниците на грчкото национално малцинство, во рамките на својата политика за искоренување на историското присуство на хеленизмот во регионот на Химара”, стои во соопштението на министерството.





