АД ЕСМ ќе им овозможи на вработените доброволно да се пријавуваат за прекин на работниот процес за период од најмногу два месеции со плата од 70 % „за да ги намали трошоците во услови на криза“, дознава порталот „Фактор“.
„Можноста ќе важи за работниците кои се на работни места кои не се неопходно и најдиректно вклучени во производството на електрична енергија и на одлуката ќе и претходи одобрение од раководно лице.
Целта на мерката е да се намалат трошоците во услови на криза. Мерката првично беше конципирана како задолжителна, но со зголемување на обемот на обврски со кои Владата на Р. С. Македонија го задолжи АД ЕСМ во услови на енергетска криза, се појави потреба од прераспределба на вработените со цел извршување на новозададените деловни обврски“, се вели во соопштението од Акционерското друштво.







