„Обединетото Кралство сè уште ја узурпира нашата земја“, изјави претседателот на Аргентина Алберто Фернандез по повод 40-годишнината од војната меѓу Аргентина и Британија за Фолкландските Острови, пренесува Би-Би-Си.
Фолкландската војна беше 10-неделен вооружен конфликт меѓу Обединетото Кралство и Аргентина за две британски територии во јужниот дел на Атлантикот.
Аргентина, која ги нарекува островите Малвини, ја загуби војната, но до ден денес тврди дека тие им припаѓаат.
Претседателот на Аргентина Албаерто Фернандез изјави за Би-Би-Си дека ќе продолжи да се бори да ги врати и ја обвини Британија за колонијализам во 21-от век.






