Даути: „Наставниците имаат право што штрајкуваат – во 2012 добиле 61% повеќе од ‘минималецот’, а во 2022 само 30% повеќе од него“

„Координаторката на пратеничката група на Алијансата за Албанците Илире Даути го објави ставот свој и на нејзината партија дека ‘наставниците имаат право што штрајкуваат.“ – јави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ пишува: „Алијансата на Албанците уште од првиот ден го поддржа штрајкот на наставниците и ги осуди заканите на министерот за образование и наука. Координаторката на Алијансата за Албанците Илире Даути направи и споредба на платите на наставниците со минималната плата, која ја добивале низ годините.“

„На фејсбук таа објави: „Наставниците се во право што денеска штрајкуваат, бидејќи: во 2012 година добиле 61% повеќе од минималната плата. Во 2022 година ќе добијат само 30% повеќе од минималната плата“.