Северна Кореја го слави лидерството на Ким Јонг Ун во развојот на нуклеарното оружје, неговите политички достигнувања и ја слави неговата 10-годишнинана чело на владејачката Корејска работничка партија (ВПК), објави Ројтерс.
Ким Јонг ун ја презеде власта кога беше назначен за врховен командант на армијата, откако неговиот татко Ким Џонг Ил почина во декември 2011 година.
Во понеделник се навршуваат десет години откако помладата Ким беше избран за партиски и државен лидер.
Ким најмладиеот е син на Ким Јонг Ил и внук на Ким Ил Сунг, првиот лидер по поделбата на Корејскиот полуостров на Демократска Народна Република Кореја и Јужна Кореја, по корејската војна која траела од 1950 до 1953 година.
Двете земји формално и натаму се во војна зашто договорот за прекин на војната не бил мировен.
Семејството Ким владее со еднопартиската држава низ нејзината историја.







