Бурни реакции по видео на бугарскиот министер за култура Атанас Атанасов објавено на неговата Фејсбук страница. Во него министерот се заблагодари за честитките за неговиот роденден, кој беше на 3 април. Видеото брзо стана хит на интернет, а некои корисници се прашуваа што би можело да го поттикне бизарното однесување на министерот – пренесе Фактор.
Лесна класична музика, насмевка, синото пролетно небо над Софија, мрежа за комарци и министер за култура во сопствената канцеларија – се заблагодари за роденденските честитки.
Видеото кое сам го направи 32-годишниот Атанас Атанасов доби „рапид-огнена“ популарност на социјалните мрежи.
„Благодарам на сите што ми пишавте за мојот роденден. Немате поим колку ме израдувавте, колку вера и храброст ми дадовте. И знам дека не сум тука веќе некое време, имам многу да споделам со вас и ветувам дека ќе го сторам тоа наскоро и ќе продолжам да го правам тоа од сега па натаму. Така драги другари до неодамна. Среќен петок, среќен викенд и ќе се видиме“, им посакаа на фановите и другарите Атанас Атанасов.
По видеото следуваше лавина од коментари на социјалните мрежи со тврдења дека министерот бил издрогиран кога ја снимал селфи-пораката, а се известува и за барања за оставка.
По дводневниот скандал, денеска Атанасов сними ново видео, за официјално да каже дека нема да си поднесе оставка.
„Нема да поднесам оставка“, дециден е Атанасов.
Тој кажа и дека фокусот требало да биде на друго место, а видеото не е случајно, туку намерно снимено.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк:
https://www.faktor.mk/bugarija-e-skandalizirana-ministerot-za-kultura-e-hit-na-socijalnite-mrezi—atanas-atanasov-se-zablagodarauva-za-rodendenot-no-mnogumin-se-somnevaat-deka-zel-neshto





