30 дена притвор за двајцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар

30-дневен притвор за двајцата осомничени кои учествуваат во смртното претепување на хрватскиот ракометар, Денис Тот, им одреди Кривичниот суд.



На 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л, кои се осомничени за убиство на хрватскиот ракометар ДенисТот им е определен 30 дневен притвор, поради опасност од бегство и влијание и попречување на истрагата. По 28-годишниот А. Ѓ., кој е првоосомничен за смртното претепување на ракометарот полицијата се уште трага.

Додека МВР го бара првоосомничениот, министерството за здравство ќе утврдува евентуални пропусти при приемот и третманот на младиот ракометар, особено по првичната информација од Карил, дека по приемот на Тот на Клиниката, кај него немало видливи траги на насилство.

„ ве екипи од државниот здравствен ои санитарен инспекторат спроведуваат вонреден инспекциски надзор во Итната помош, Ургентниот центар и КАРИЛ. Тие го проверуваат текот на постапката за прифќање и третманот на сега починатиот ракоментар Денис ТОТ. Надзор веќе од утре ќе сеспроведе и во Судска медицина“.

Со соопштение за оваа трагедија се огласија од КАРИЛ. Од Клиниката ги осудија сите шпекулации во јавноста поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на ракометарот и велат дека Тот бил примен утрото на 7ми април во Ургентниот центар без срцева акција, но и без видливи повреди. Дежурните лекари по получасовните обиди за реанимација воспоставиле срцева акција и направиле компјутерска томографија на целото тело.

„Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанал прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта“.

За оваа трагедија првичните информации пред два дена од хрватските медиуми беа дека Тот бил претепан пред дискотеката „Привилиџ“ во градскиот парк, а потоа и однесен во болница. Кратко потоа од КАРИЛ кажаа дека кај ракометарот немало знаци на насилство, што беше наведено и во официјалното сооштение на МВР. Но, по извршената обдукција, Јавното обвинителство вчера соопшти дека тројцата осомничени го удирале Тот со боксови и клоци по што паднал на асфалтот и удрил со задниот дел од главата и загубил свест. Тројцата, иако тој бил во бессознание продлжиле да го удираат, а потоа без да му помогнат побегнале.

Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, Тот имал престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура, соопштија од обвинителството.