Вицепремиерката на Бугарија е против давање оружје на Украина

Бугарската вицепремиерка и министерка за економија Корнелија Нинова, која е лидер на БСП, изјави за БНТ дека ако Националното собрание одлучи Бугарија да ѝ обезбеди оружје на Украина, нема да ја потпише одлуката како министер за економија и индустрија, дури по цена да биде сменета од Владата.



Според Нинова, ваквата одлука на Парламентот на Бугарија многу би ја искомплицирала ситуацијата, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа истакна дека нема да потпише документ со кој ѝ се дозволува на Софија да извезува воена помош за Киев.

Според неа, бугарскиот интерес и повеќето граѓани сметале дека оружје не треба да се извезува во Украина.

Лидерката на БСП најави дека нејзината партија ќе се спротивстави на купување осум нови авиони-ловци Ф-16 од САД, бидејќи според нивните сметки, Бугарија во овој момент не може да одвои средства за тоа.