„Падна“ пакистанскиот премиер Имран Кан

Пакистанскиот парламент го собори премиерот Имран Кан, објави АП. Агенцијата соопшти дека Имран Кан го изгубил гласањето за недоверба што го бараше опозицијата.



Поранешниот премиер ја обвини опозицијата дека правела заговор со САД за да го смени од чело на владата.

Имран Кан ја посети Москва по почетокот на руската агресија во Украина и го поддржа рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на парламентот Ајаз Садик рече дека гласањето за нов премиер ќе се одржи во понеделник. Тој ќе биде на власт до октомври 2023 година, кога ќе се одржат следните редовни избори во Пакистан.

Најверојатен кандидат за оваа функција е Шебаз Шариф, помладиот брат на поранешниот премиер Наваз Шариф.

Шебаз Шариф (70), Вв интервју минатата недела, Шебаз рече дека добрите односи со САД се клучни за Пакистан, за разлика од антагонистичките односи на Кан со Вашингтон.

Имран Кан беше избран за премиер во 2018 година, ветувајќи дека ќе се бори против корупцијата и ќе ја заживее економијата. Овие ветувања не се исполнети, а Пакистан моментално е во финансиска криза.