Финска се подготвува за потенцијална историска одлука кој треба да биде донесена „кон средината на летото“ за тоа дали ќе поднесе барање за влез во НАТО како одвраќање од руската агресија.
Скандинавската земја, со 5,5 милиони жители, традиционално е воено неутрална , делумно и за да не го провоцира источниот сосед Русија, со кого ја дели границата долга 1.300 километри.
Но, руската инвазија на Украина ја удвои јавната поддршка за членство во НАТО од 30% на 60%, според голем број студии.
Извештајот за национална безбедност што го наложи владата ќе биде претставен до парламент следната недела.
„Ќе водиме многу внимателни дискусии, но без да одвоиме повеќе време отколку што треба“, рече премиерот Сана Марин на прес-конференција во петокот.
Русија веќе ги предупреди Финска и Шведска за можно членство во НАТО.







