Победа од Прилеп ја искористи очигледната криза во редовите на македонскиот фудбалски првак и му нанесе пораз од 1-0 во средба од 11 коло во нашата Прва лига. Сосема неочекуваниот резултат го постави Илиевски со глава во 77 минута. Ова е изненадување, но треба да се имапредвид дека црвено црните пред три дена примија шест гола од Реал Сосиедад во Лига Европа, а во Прилеп загубија и пролетоска со 2-1.
Во останатите двобои од оваа рунда Работнички славеше со Пелистер со 2-0, Академија Пандев беше подобар од Скопје со 1-0, Силекс и Ренова ремизираа 0-0, а Шкендија го совлада Шкупи со 4-1, по што тетовци водат со 28 бода пред Вардар со 19 (-2) и Академија Пнедев со 18 (-1).





